Празничен период, позитивна еуфорија, време за подароци…
Нема таков што не сака да добие подарок, да израбува некој, ама да биде и израдуван, ако не од друг, тогаш зошто да не од самиот себе.
Така си се почести пејачката Антониа Гиговска. Нејзе не и требаше да го чека првото утро од Новата за да ги отвори подароците што ги добила од Дедо Мраз, туку испораката на она што си го нарача самата и ситигна сосема навреме за да си се почести себеси.
Седна покрај богато украсената новогодишна елка и пакетче по пакетче покажа со што се’ се почести самата.
А жена како жена не може а да не се радува на убави и модерени обувки, и тоа неколку чифта, плус и брендирано чантиче за кои под елката им се израдува како дете.
На крај се’ ова беше снимено со видео од кое Гиговска покажа дека самата на себе си е Дедо Мраз кој не мора да го чека, тој доаѓа кога таа сака.
А за периодов, годините и воопшто не се важни да се израдуваш на подарок, да израдуваш некого, па и сам себе. Не секогаш тоа мора да биде скапо и големо, зашто нели, малите нешта го прават животот убав!
фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa