Радио Милева ги собра најблиските

„Куќна слава се прави каде сакаш“: Миа Костова славеше Св. Никола во кафеана (фото)

„Куќна слава се прави каде сакаш“: Миа Костова славеше Св. Никола во кафеана (фото)

Инфлуенсерката Миа Костова на 18.12 оваа година го прослави празникот Свети Никола и по тој повод ги собра најблиските во кафеана.

Миа заедно со саканите во една скопска винарија го славеше празникот кој и е куќна слава, а за тоа на социјалните мрежи доби порака на која не остана рамнодушна туку веднаш одговори и ја сподели пред следбениците.

– Куќна слава се вика куќна затоа што се прави дома. Не во кафана  – гласеше пораката.

Сепак, Миа традиционално го одбележува заслугот во ресторан поради бројноста на гостите кои не ги собира во дневна.

Така баше и сега па објасни дека куќната слава се прави каде сакаш сѐ додека ги собираш најблиските, а заради годините  бројката си расте.

Така, на овој начин, таа уште еднаш ја покажа љубовта кон традицијата.

 

Миа се забавуваше заедно со гостите, а меѓу нив беше и мајката на нејзината пријателка  Тијана,  Суада, па Миа сподели  како тие две  уживаат во пријатната и веселата атмосфера исполнета со музика и вкусна храна.

фото : printscreen/instgaram/miandrija

To top