Радио Милева повик на бојкот

Каролина Гочева на концертот во Дизелдорф обелодени скандал: „Ниту Грци, ниту Бугари, ниту оние што ни го газеа знамето, туку Македонци упатувале апели и закани да се бојкотира вечерашнов концерт“ (ВИДЕО)

Каролина Гочева на концертот во Дизелдорф обелодени скандал: „Ниту Грци, ниту Бугари, ниту оние што ни го газеа знамето, туку Македонци упатувале апели и закани да се бојкотира вечерашнов концерт“ (ВИДЕО)

Каролина Гочева како што е веќе познато е на концертна турнеја низ Германија. Македонската пејачка веќе имаше настапи во неколку најголеми германски градови,  Штутгард, Нирнберг, Дизелдорф, Мајнц… остануваат уште неколку града во кои „македонското девојче“ ќе го покаже сиот свој раскошен вокален потенцијал и разновиден репертоар од поп песни, но и оние новосоздадените  во духот на македонската староградска традиција.


Но,  дури и на Каролина, која важи за мирна, тивка и повлечена личност, која ниту е политички обоена, ниту пак предизвикува скандали, сепак и се случуваат непријатности потврди и самата на нејзиниот последен настап во Дизелдорф.


Имено, сред својот концертен настап, убавата битолчанка обзнани дека дури пред два-три дена од организаторите дознала дека за одржувањето нејзиниот концерт имало големи опструкции. Биле упатувани, повици за бојкот, апели и закани да не се доаѓа на концертот на Каролина, а тоа го правеле никој друг, туку група иселеници од едно македонско друштво од Дизелдорф.

„Пример кој не е толку светол, но кој морам да го спомнам вечерва. Иако некои од вас знаат за што ќе кажувам сега, и ова се случувало овие неколку месеци откако го објавивме концертот, но јас дознав пред два три дена, дека вечерашниов концерт, во Дизелдорф, во изминатиот период бил постојано бојкотиран, постојано се испраќале апели да не се присуствува вечерва тука и при тоа, тие апели не се ниту од Грци, ниту од Бугари, ниту од оние што ни го газеа знамето, туку од македонско друштво од Дизелдорф“ – кажа Гочева за време на нејзиниот концерт во овој град.


Оваа нејзина изјава осамна на социјалните мрежи, па видеото почна брзо вирално да се шири, а вие можете да го проследите подолу.

To top