Тој е наследникот на шеф Марк во популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ кој за брзо време ги освои симпатиите на гледачите со својата непосредност, харизма и секако талент за готвење.
Бобан Симоновски или накратко Боби веќе е препознатлив телевизиски лик за кој претходно кујната каде нема камери, беше единственото место каде умее да се изрази како што она најдобро го знае и умее.
Шеф Боби за првпат во „Брза Кујна“ го видовме во 2020 година каде со колегата Фичо беа замена за Марк и Никола по тогашниот концепт на емисијата.
Верните гледачи го знаат оттогаш, а денес шеф Боби веќе има фанови за она што врвно умее да го презентира како краен специјалитет приготвен за 20 минути заедно со асистентите на денот.
Препознатливоста од не е така одамна, и не беше лесна за другите кога неговиот физикус со она каков е денес е во прашање.
Боби изгледаше доста поразлично во однос на килограмите во плус, односно во минус.
Со вежби во теретана, возење велосипед, веројатно и со селектирана исхрана, шефот од кујната успеал да го промени изгледот дури до непрепознатливост.
Но, Боби си остана Боби, ведар и насмеан и секојдневно ставен пред предизвикот да има совршени деликатеси пред себе и во елитниот скопски ресторан каде работи, а за кои веруваме редовно си го поставува прашањето – да се проба или не….?
Или пак можеби има некоја своја тајна кулинарска вештина како и сите шефови и нивната магија во кујна?
фото:Instagram printscreen/ simonovskiboban