Мегафон таинствен гостин

На големиот славенички концерт на „Меморија“ грст специјални гости, меѓу кои и едно големо музичко име со интернационална кариера (ФОТО)

На големиот славенички концерт на „Меморија“ грст специјални гости, меѓу кои и едно големо музичко име со интернационална кариера (ФОТО)

До големиот славенички концерт на „Меморија“ остануваат нешто повеќе од 15-ина дена. Бендот со полна пареа се подготвува заедно со својата публика на 16 ноември во арената „Борис Трајковски“ со незаборавен концертен спакакл да ги прослави свите 40 години постоење.

Репертоарот познат, хитовите оддамна се подготвени за пеење во еден глас, баладите исто така за да ги разбудат емоциите и да ја одведат публиката на прошетка по сеќавањата за старите добри времиња, новите песни подеднакво стокмени за да се вклопат во целиот аудио-визуелен концертен мозаик кои „Меморија “ и го подготвува на  својата публика, која таа вечер ќе биде пред сцената во арената, која пак претендира да прерасне во театар на соништата…

За сонот да биде што поубаво јаве, бендот покрај сопствениот репертоар и учинок, подготвува и грст изненадувања во вид на специјални музички гости кои ќе бидат со членовите на „Меморија“ во одредени моменти заедно на сцената.

Овој пат „понежниот пол“ од музичкиот свет ќе го има главниот збор. Со микрофонот или инструментот в рака кога се во прашање бонус настапите вткаени во музичкиот концепт на концертот,  дамите како Ружица Брчиоска и „Ареа“, Дани Димитровска, Андријана Јаневска, Сара Мејс, Александра, Илиева, Тијанче Илова... засилени со едно машко има – Бранко Ѓоргиев, ќе бидат оние кои со својата вокална или инструментална изведба ќе ја обојат атмосферата и целиот амбиент.

Но, не само со дела од сопствениот репертоар, туку и со еден поинаков музички украс, поразлично музичко парче кое е дел од музиката на „Меморија“, нишка на музички украси која членовите на групата ги чуваат како изненадување.

Сепак,  се чини дека најголемото изненадување се чува за последната, финална ПРЕСС конференција, закажана за утре, четврток, 31-ви октомври во 13.00 часот во просториите на Универзитет „СКОПЈЕ“ ( екс-Универзитет за туризам и менаџмент), каде на средбата со претставниците на медиумите членовите на „Меморија“  ќе го откријат и последното и воедно најголемо музичко име кое  со „свое парче душа преточено во ноти“  на невообичаен начин ќе биде присутно на нивниот концерт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MEMORIJA (@vis_memorija)

Во прашање е  едно големо, можеби во моментов и најголемото македонско музичко име со интернационална кариера, на чии маестрални изведби се поклонува публиката ширум светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MEMORIJA (@vis_memorija)

 

Затоа, сите оние кои се’ уште не стигнале до билет време е да го набават на www.karti.com.mk  За да не биде потоа дека се кајат што пропуштиле, зашто реприза на ваков спектакл – нема да има!

To top