Поранешната членка на групата „Моделс“ Ивана Стаменковиќ, попозната како Синди, веќе две децении важи за една од најпосакуваните дами на јавна сцена, а според сите проценки, нејзината позиција на оваа листа нема да биде загрозена ниту во наредните години.
За неа велат со годините е „како вино“, а на физичкиот изглед би и позавиделе и дваесет години помладите девојки, на што се согласуваат сите што ги виделе нејзините последни фотографии од Црна Гора.
Секогаш кога ќе се соблече во минијатурни бикини, таа предизвикува мешаница, а поради бруталните снимки од хотелот во Будва, мажите не можеа да го тргнат погледот од нејзините совршени облини.
Поранешната членка на групата Моделс, која неодамна откри како си го нашла местото во групата која ја зафати сцената во деведесеттите, ги воодушеви своите следбеници со нова фотографија на Инстаграм.
Таа се сликала во хотелска соба, и тоа во едноделно боди кое повеќе откривало отколку што прикривало и ги покажала своите зачудувачки облини на 43 години, а на посилниот пол не му е сеедно.
„Нормално ли е тоа што го правиш, гориш“, „Најубава и најзгодна“, „Најдобра риба“, беа само некои од многуте пофални коментари кои се наредени под „жешките“ кадри.
фото: printskrin/instagram/sindi_models