За животот на водителот и маркетинг менаџерот Димитар Анатасовски и неговата сопруга, харфистката и пејачка Сара Мејс редовно сведочиме преку објавите кои ги споделуваат на социјаната мрежа Инстaграм.
Камерите кај нив никогаш не се исклучени па така беше и сега кога Димитар ја сними Сара додека свири, а забележа нешто што за него беше необично и чудно.
Димитар ѕирнал во судиото додека сопругата свирела и тајно ја снимил но, се загрижил кога ја видел зелена во лицето.
„Дечки ве молам за помош! – Женава почна да ми зеленее од свирење, да не знаете од што може да и е ? Секој совет е добредојден.
– праша тој покрај видеото кое јавно го сподели.
Подоцна повторно им се обрати на сведбениците, откако сепак од нив не доби одговор …
„Чаре за зеленеење не кажавте“. разочарно напиша тој.
Но затоа пак , сопругата му се обрати откако видеото стигна и до неа.
Нејзиниот одговор требаше да го исплаши, бидејќи му се закани и меѓу редови му нагласи дека не сака да ја покажува и снима во кое било издание.
„Дали си при свест Димитре, дека ќе бидеш чк ,чк пуфнат “ – со симбол пиштол и големо смајли му возврати таа.
Се разбира Димитар знаеше дека е тоа само маска, но му се виде интересно и сакаше само да се пошегува.
А за зеленеењето помош, Сара самата ќе се најде.
Фото: printscreen/instagram