Познатата колумбиска актерка Кораима Торес, позната по улогата на Касандра во истоимената хит серија, вчера пристигна на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Како што пиѓавме и претходно, Торес во Србија доаѓа работно. Ќе се приклучи на актерската екипа на српската серија „Игра на судбината“ и ќе ја игра една од главните улоги.
-Среќна сум, многу сум возбудена!, рекла актерката, која на насобраните им праќала бакнежи и додала дека Србија има посебно место во нејзиното срце.
Дека е возбудена и среќна покажуваат нејзините објави на Инстаграм каде е изненадена и од тоа што медиумите ја следат во чекор и известуваат за нејзиното доаѓање.
View this post on Instagram
За време на прикажувањето на латиноамериканската теленовела, со која стекна огромна популарност, Торес заедно со колегата Хенри Сото, кој го играше ликот на Ранду, го посетија Балканот. Меѓудругото, во 1998 година имаа турнеја низ Македонија каде се сретнаа со фановите во Скопје, Охрид и во Битола.
фото:instagram printscreen/ lacoraima