Македонскиот познат брачен пар, водителот и маркетинг менаџерот Димитар Атанасовски и харфистката и пејачка Сара Мејс направија голема тематска забава за 6 – от роденден на ќеркичка Илина.
Илина овој роденден го прослави во знакот на ѕвездата „Catwoman“, а по тој повод тато и мама за неа нивниот двор го уредија налик на сцена од филм со многу реквизити и балони.
Славеле со најблиските луѓе и се фотографирале, а каква била атмосферата од роденденската забава споделија и со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм каде секојдевно се активни.
По тој повод, Сара креираше и видео со повеќе одбрани фоографии, а сега го сподели со сите кои ги следат.
View this post on Instagram
Тие внимавале до најситен детаљ, а ја покажаа и торта која беше во стилот на „Жена – мачка“ и на која го пишуваше името на славеничката.
На нивните „кратки приказни “ сѐ уште се редат честитките од фановите, а посебно внимание привлече од сестрата на Димитар, Марија Атанасовска која потсети на тоа дека Илина веќе порасна и оваа година стана прваче.
„Најсреќен роденден на ова маче колаче, што ми порасна прваче да стане“ – напиша таа во нејзината честитка.
фото: print Screen/Instagram