Адел им соопшти тажна вест на своите фанови.
Имено, британската пејачка на еден од концертите пред својата публика објави дека дефинитивно се повлекува од јавната сцена.
„Јас не сум најопуштениот изведувач, го знам тоа, но сум е*ено добра и навистина уживам во настапите веќе речиси 3 години, што е најдолго што некогаш сум работела. Тоа е веројатно и најдолго што некогаш ќе работам“, рече Адел на нејзиниот последен концерт во Минхен.
View this post on Instagram
Како што додаде, за пејачката следуваат уште 10 концерти во Лас Вегас, по што заминува на заслужен, но неодреден одмор.
„По тоа нема да ве гледам неверојатно долго и ќе ве чувам вас во срцето. Во последните 7 години градев нов живот за себе кој сакам да го живеам сега“, изјавила Адел низ солзи.
Веста за нејзиното повлекување доаѓа еден месец откако поп-дивата објави дека се верила со долгогодишниот партнер Рич Пол (43). Среќната вест Адел ја откри во август, на еден од нејзините концерти во Минхен, како одговор на еден од фановите од публиката кој пред сите ја праша да се омажи за него.
На интересниот потфат на овој обожавател, Адел накратко одговорила: „Не можам, веќе се мажам“, а потоа го покажала дијамантскиот прстен кој ѝ блескал на раката.
“I can’t marry you because I’m already getting married” ADELE FUCKING ADKINS!!!!!!!! pic.twitter.com/x3cAnt9RVF
— Tin🪐🐝| saw adele 6/16/23 (@DiaryofDelly) August 9, 2024
За потсетување, Адел и Пол, кој е спортски агент, се заедно од 2021 година, а пред тоа пејачката беше во брак со Сајмон Конецки со кој го има синот Анџело (11).
фото:Instagram printscreen/