Радио Милева навреме „очи ширум отворени“

Згрозена од насилството во Охрид, Ана Стојанова со предупредување до жените: „Сфаќате ли сега колку не е битно колку пари има и колку е мажот моќен, ако треба да се прашуваш дали ќе останеш жива?

Згрозена од насилството во Охрид, Ана Стојанова со предупредување до жените: „Сфаќате ли сега колку не е битно колку пари има и колку е мажот моќен, ако треба да се прашуваш дали ќе останеш жива?

Пo грозоморната случка со претепувањето на девојката во Охрид, јавноста се крена на нозе. Се алармираа и надлежните институции и разни здруженија и поединци и медиумите и социјалните мрежи… Зашто на насилството какво и да е , особено оноа над послабите конечно еднаш треба да му се стави крај, а насилниците да се стават онаму каде што им е местото… Но најмногу од се’,  да се научи како треба насилството да се превенира,  препознае и предвреме спречи за да не дојде до него.

Јавните личности и пиознатите фаци или барем дел од нив деновиве исто така на оваа тема се гласни. Една од нив и можеби најпознатата фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот, велешанката Ана Стојанова.

Згрозена од случката со насилното претепување на девојката во Охрид, Ана на својот Инстаграм со објава и порака до жените. „Научете да ги препознавате знаците на предупредување. И сфатете дека воопшто не е важно колку пари има мажот, колку е моќен, од која фамилија доаѓа, туку од каква? Зашто чуму сето тоа, ако треба да стравуваш дали ќе останеш жива во првото недоразбирање со него – така некако отприлика ги предупредува Ана Стојанова и жените од својата „Пич армија“, но и сите останати жени.

Еве ја нејзината порака, нејзиниот повик за внимание со кого жените треба да ги делат емоциите, страстите, креветот, домот… Порака за навреме „очи ширум отворени“ зашто не се сите онака како што на прв поглед изгледаат створени!

Фото; Инстаграм/annstojanova/AI Gemini

To top