Познатата македонска фолк-пејачка Елена Велевска уште еднаш покажа дека знае како да привлече внимание, но и како да организира забава која долго ќе се памети, особено кога е својот роденден во прашање.
Овој пат, таа ги спакува куферите и замина за Охрид, каде што во познат ресторан приреди вистински гламурозен настан за кој се коментира откако осамнаа објавите од социјалните мрежи.

Роденденската забава за 46-от роденден помина во знакот на врвна елеганција, а прекрасниот амбиент беше специјално декориран со балони во зелена и златна боја, комбинација која на целата ноќ ѝ даде дополнителен шмек на луксуз.
Во центарот на вниманието беше и уникатната торта украсена со клавирски дирки, која открива дека музиката останува нејзината најголема љубов и инспирација.
Како што доликува на една од нашите најголеми фолк ѕвезди, Елена самата се погрижи за фантастичната атмосфера на подиумот, а во убавите моменти и славењето уживаше и нејзината ќерка Софија, која беше до својата мајка за да ја поддржи и секако да запее со мама.

Колегите и пријателите веднаш започнаа да ги споделуваат честитките и кадрите од оваа незаборавна ноќ на социјалните мрежи, а меѓу првите која јавно упати најубави желби за здравје, радост и безброј успеси на сцената и во животот беше нејзината колешка Сузана Гавазова, потврдувајќи го пријателството и почитта меѓу двете пејачки.

Велевска уште еднаш докажа дека шармот, женственоста и позитивната енергија се нејзиниот заштитен знак, без оглед на поводите или бројките.
Среќен роденден!
фото:Instagram printscreen/evelevska





