Радио Милева сосема искрена

Рада Манојловиќ била навлечена на лекови: „Шест месеци не можев да се тргнам од тоа“

Рада Манојловиќ била навлечена на лекови: „Шест месеци не можев да се тргнам од тоа“

Фолк-пејачката Рада Манојловиќ отворено зборуваше за проблемите со кои се соочувала кога психолог ѝ препишал лекови од кои подоцна станала зависна.

Рада Манојловиќ во таа пригода истакна дека сака јавно да говори на таа тема за да им ја разбуди свеста и на другите за оваа проблематика.

– За почеток да кажам дека тоа е многу незгодна работа. Баш бев навлечена. Шест месеци не можев да се симнам од „ксанакс“. Ова го зборувам јавно бидејќи секој што ќе помисли „ќе земам, па ќе се симнам кога ќе проценам дека повеќе не треба“ – се лаже. Не е тоа толку лесно – изјави тогаш искрено Рада за „Блиц“ и додаде:

– Ми беше многу тешко да се симнам од таблетите. Таблетите би ги препорачала само во крајна нужда. На пример, доколку изгубите член од семејството, па баш морате да ги користите за да ја ублажите болката. Мене кога нешто ќе ме погоди, јас тоа го држам во себе. Никогаш не ја пренесувам својата нервоза на друг, туку сè чувам во себе. Не умеам ниту да се испразнам како што треба. А тоа не чини. Затоа психијатарот ми рече да најдам некој издувен вентил. Сега повеќе не одам кај психијатар. Сега сè ми е супер. Лековите делуваа-  вели Рада.

На прашањето дали некогаш мешала алкохол и таблети за смирување, пејачката одговори:

– Никогаш. Тоа немојте да го правите ни во лудило- заклучува пејачката.

фото:Instagram printscreen/radamanojlovic

To top