Македонската актерка и харизматична вокалистка на популарниот музички проект „Скопје Виа“, Јана Стојановска, уште еднаш покажа зошто важи за една од највпечатливите и најавтентичните појави на нашата јавна сцена.
Неодамна објавените фотографии на социјалните мрежи ја заскокоткаа љубопитноста на нејзините обожаватели, оставајќи ги без зборови пред спојот на чиста елеганција, сурова моќ и доза на секси бунтовност.

Овој пат во центарот на вниманието не е само нејзиниот уметнички талент, туку нејзиниот супериорен стил во комбинација со вистински црн теренец чие заштитно лице е токму таа.
Облечена во ултра елегантен црн комплет, надополнет со високи потпетици во металик нијанса кои дополнително ја истакнуваат нејзината витка фигура, Јана позира самоуверено потпрена на предниот дел од моќното возило.
Јана совршено ја отсликува приказната за модерната, силна и независна жена од урбаната џунгла. Сепак, она што навистина го привлече погледот на пошироката јавност и ги вжешти коментарите е масивната тетоважа по нејзината нога.

Овој впечатлив детаљ прави совршен контраст со софистицираната облека, давајќи ѝ на целата слика бунтовнички шмек кој ретко кој може да се износи на ваков начин.
Додека луксузниот автомобил зрачи со моќност, Јана Стојановска успева со својот сексапил да го фрли дури и него во втор план.
фото:Instagram printscreen/jana_sto_ja_nov_ska/ @ganevikdavid




