Радио Милева мистериозна разделба...

Естраден потрес за кој сите молчат: Антониа Гиговска му најде замена на Џокер!

Естраден потрес за кој сите молчат: Антониа Гиговска му најде замена на Џокер!

Една од најпопуларните македонски поп-ѕвезди Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг, музичарот Роберт Спасенцовски – Џокер, по сè изгледа донесоа голема и радикална одлука која освен пред непосредната публика, стана видлива и од социјалните мрежи!

Иако нивната љубовна приказна започна токму преку заедничките настапи и преку магијата на музиката, реалноста на терен покажува дека парот одлучи целосно да ги раздвои приватниот и професионалниот живот.

Во последно време, на сцената зад грбот на Антониа веќе не стои нејзиниот сопруг, кој досега беше главен столб на бендот и одговорен за водечкиот звук на синтисајзерот.

Внимателното око на публиката и објавите од нивните свирки откриваат дека на местото на Роберт сега стои друг колега музичар, кој ја презеде неговата улога на сцената како нова замена во поставата и тоа не за еднаш, туку најверојатно како постојан член од поставата на бендот кој ја придружува на настапите.

Оваа вест доаѓа како вистинско изненадување за јавноста бидејќи тие важеа за совршен тандем кој функционираше и во куќата и на сцената под рефлекторите, па парите од настапите доаѓаа под ист покрив.

На постарите фотографии јасно се гледа времето кога Роберт со полна пасија диригираше со атмосферата од зад синтисајзерот, додека новите кадри од неодамнешните настапи го потврдуваат неговото отсуство и присуството на новиот член во екипата!

Овој потег отвора многу прашања, но добро упатените во естрадните кругови коментираат дека станува збор за ѕид на професионални граници кои тие наводно одлучиле да ги постават.

Мешањето на бракот и кариерата често знае да донесе дополнителен притисок, па одлуката парот да не ја дели истата сцена може да биде само чекор кон зачувување на семејниот мир и хармонија или пак сомнеж за нешто сосема трето,  кое барем засега останува зад затворени врати или само во нивното блиско опкружување!?

Додека Антониа продолжува да реди успешни настапи со подновениот бенд, Роберт очигледно е фокусиран на свои авторски проекти од кои покажа со обидот во регионалното музичко шоу „IDJ Show“ и менаџирање надвор од директните концертни турнеи со неговата поубава половина. Ќе се врати ли во нејзиниот бенд?  Времето ќе покаже!

фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa

To top