Без разлика дали ја нарекуваат „бебе на непотизмот“, ќерката на славната оскаровка вели дека нема да се преправа дека е таму каде што е само благодарение на сопствениот талент и убавина, но е благодарна за шансата што ја добила и се труди да ја оправда довербата.
Сандеј Роуз, осумнаесетгодишната ќерка на актерката Никол Кидман и музичарот Кит Урбан, сè посериозно гради кариера во модната индустрија, па веќе се најде и на насловната страница на списанието Vogue.
Младата манекенка веќе имаше можност да прошета на модната писта за време на Модната недела во Париз и да стане заштитно лице на кампања на модната куќа Miu Miu. Таа не негира дека познатото презиме ѝ отвора врати што за многумина се недостапни, а за тоа отворено зборуваше по повод своето прво појавување на насловната страница на германското издание на магазинот Vogue.
Во интервјуто за престижното модно списание, Сандеј се осврна на критиките со кои се соочуваат децата на познатите личности, кои во медиумите се нарекуваат „бебиња на непотизмот“. Станува збор за оние на кои семејните врски и славата на родителите им го олеснуваат почетокот на кариерата. Наместо да ја игнорира оваа тема, таа призна дека е свесна за привилегиите што ги има, но истакна и дека сака да ја оправда укажаната доверба.
– Многу сум свесна дека добивам можности што не секој може да ги има и навистина сум благодарна што можам да ги искористам. Кога сум на работа, се трудам секогаш да го дадам најдоброто од себе, никогаш да не доаѓам со негативен став, без разлика на тоа колку сум уморна или исцрпена од патувањата, и да се однесувам со почит кон сите – порача младата манекенка.
Сепак, коментарите на социјалните мрежи се многу сурови. На Икс, љубителите на модата пишуваат:
„Нов ден, ново неталентирано бебе на непотизмот што некому му го краде работното место, „Зарем моделите не треба да бидат убави?“, „Носи толку убава облека, а изгледа толку здодевно“, „Ова е крајот на модата “, „Не сте грди, туку мајка ви нема врски.“
Ќерката на Никол Кидман постепено го гради своето место во светот на модата, иако веднаш се најде меѓу најголемите имиња во индустријата. Насловната страница на „модната библија“ секако претставува значаен чекор во нејзината кариера.
Покрај модните писти и рекламните кампањи, таа се појавува и на ексклузивни настани, главно во друштво на својата славна мајка.
Минатата година присуствуваше на приватна вечера организирана од модната куќа Chanel за време на Модната недела во Њујорк.
Иако модата моментално ѝ е во преден план, интересите на младата наследничка на познатиот актерско-музички пар не завршуваат на модните писти. Сандеј покажува интерес и за филмската индустрија, што остава можност во иднина да се испроба и во актерството.
фото: printskrin/instagram/hairbyadir






