Радио Милева фатени на дело...

Парталосана постела и обид за грабеж кај Џамбазов во Дојран: Две дела, двајца осомничени, од кои едната повеќекратен сторител!? (ВИДЕО)

Парталосана постела и обид за грабеж кај Џамбазов во Дојран: Две дела, двајца осомничени, од кои едната повеќекратен сторител!? (ВИДЕО)

Игор Џамбазов и во овие години од кариерата има полни раце работа… Затоа и мора да патува, па најчесто не е дома во новото престојувалиште во Дојран. А како што вели една стара поговорка: „Кога ја нема мачката, глувците оро водат“, па така додека домаќинот бил привремено отсутен, се случила хаварија. И тоа уште една од ист вид, зашто оваа не е прва туку дури четврта по ред.

Имено, штом се вратил дома, Џамбаз што да види… Најпрвин низ дворот хаос. Расфрлани остатоци од внатрешноста на креветчето, а тоа пустото, целото парталосано. Она на неговата кучка Ферхунде се разбира. И додека да се соземе од шокот, Игор се сетил па ја вклучил камерата на телефонот, за да има „корпус деликти“ (corpus delicti ) правен термин што се користи како доказ дека е извршено кривично дело.  Добро ова можеби не е баш и кривично, ама секако е прекршок со материјални последици. И тоа најверојатно од рецидивист, зашто на Ферхунде ова не и е прв, втор, трет, туку дури четврт пат да го уништува сопственото материјално добро.

Само што дали е таа во прашање и дали не се работи за едно, туку две дела се наметнува сомнеж, откако камерата фати и еден непоканет гостин како излегува од отворената врата на куќата. Осомничениот број два, кој се обидува да краде, инаку четвороножен пријател на кучката број еден!

Обата субјекта фатени на дело среде дворот со парталосана постела и обид за грабеж кај Џамбазов во Дојран! Две дела, двајца осомничени, од  кои едната повеќекратен сторител!?

Фото и видео: Инстаграм/igordzambazov

To top