Пејачката Теа Таировиќ синоќа(недела) била итно оперирана откако била примена во болница во тешка здравствена состојба поради внатрешно крварење кое го загрозило нејзиниот живот.
Според извори од нејзиниот тим, лекарите реагирале во последен момент бидејќи состојбата била критична, но за среќа самата операција поминала добро и пејачката сега успешно се опоравува.
Од менаџментот на Таировиќ апелираат за разбирање и јавноста да покаже почит кон нејзината приватност во овие моменти.
Тие додаваат дека Теа во моментов е надвор од животна опасност и дека лично ќе се огласи пред своите обожаватели и медиумите штом нејзината здравствена состојба целосно ќе го дозволи тоа.
фото:Instagram printscreen/tea_tairovic





