Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за одмор покрај базенот. Манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.
На себе имаше само црн долен дел од бикини и шапка со штитник, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка Лени. Лени во скутот го држеше кученцето Фриц, кое Хајди го вдомила во април. „Недела“, кратко напиша манекенката покрај фотографијата.
Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои во коментарите ѝ упатија бројни комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“.
Хајди со години отворено зборува за својот однос кон телото и голотијата. Во претходно интервју за магазинот „People“ објасни дека таквиот пристап ѝ е природен.
„Отсекогаш бев многу отворена кога станува збор за моето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел од бикинито. Јас сум Европејка… Моите деца не ме познаваат поинаква, па веројатно и самите се поопуштени во однос на своите тела“, изјави таа.
Манекенката тогаш истакна и дека никогаш не се оптоварувала премногу со тоа како изгледа пред другите.
„Отсекогаш имав самодоверба. Немам проблем да шетам во долна облека. Не се кријам по аглите“, објасни Хајди.
Клум претходно зборуваше и за својот однос кон промените на телото што доаѓаат со годините. Според неа, во тоа ја поддржува сопругот Том Каулиц (37), кој ја охрабрувал да не се оптоварува со стандардите за слабост што ги наметнува модната индустрија.
фото:Instagram printscreen/heidiklum




