Македонската манекенка и топ модел Бојана Нушкова влезе во сосема поинаква улога изминатиов викенд, кој слободно можете да го прогласите за викенд на (модни) мртовци! Зашто сцените во кои позира сексапилната убавица легната во отворен погребен ковчег, облечена во еротска долна облека од црна тантела и со темноцрвена роза во рацете, дефинитивно не се за оние со слаби нерви! Евентуално за оние со бизарни еротски сништа и посилна потенција!

Мртовечки сандак, црни завеси, провокативен стајлинг и атмосфера како од хорор-филм… Нушкова се најде во центарот на необичната фотосесија и промотивно видео за брендот кој ја избрал да го рекламира, како подготовка на екстра продажба специјално за Ноќта на вештерките.

Ако се суди според објавените кадри, овојпат манекенката решила да ја спои сопствената заводливост со бизарна еротика и морничавата естетика!

Во црн тантелен корсет и долна облека со жартиери, со брановидна коса, темен кармин и црвена роза во рацете, Бојана позира во ковчег обложен со бела ткаенина. Небаре почината среде еротска сеанса. Сценографијата е можеби внимателно осмислена, зашто зад заводливите кадри се крие цела продукција со камери, монитори, светла и тим задолжен за реализација на необичното снимање. Ама идејата според многумина е на работ на разумот иако зад морничавиот изглед се крие и сосема конкретна цел – рекламна кампања!

Брендот ја искористил празничната атмосфера за да ја најави својата акција со попусти од 30 проценти, па така, наместо класична реклама, понуди вистинска модна сцена со еротски хорор – елементи.

„Таа се врати. А се врати и распродажбата“, порачуваат од брендот во описот на објавата, дополнувајќи ја кампањата со слоганот: „Оваа Ноќ на вештерките, вратете се во живот со (нивниот бренд)…!

Иако сцените на прв поглед изгледаат како морничави кадри од некој мрачен филм, и покрај убедливата глума, станува збор за внимателно режирана рекламна кампања, а не за вистинска бизарна приказна.

Или да прафразираме, како што би рекле во една реклама од соседството за една приватна погребална фирма: „Ваше е само (да умеете) да умрете, сето останато е наше“!
Од брендот дополнително нагласуваат дека содржината е уметнички израз наменет за забава, без намера некого да навреди. Арно ама, дали е баш така е друга работа, зашто на дел од јавноста ова и наликува на „модна некрофилија“.

Едно е сигурно, ниту Бојана Нушкова не избрала, ниту тие што ја бирале овој пат не избрале обична модна фотосесија. Распродажба, во која модата и хоророт ги споиле во провокативна комбинација!

Уметнички гледано – харбро и необично, еротски гледано – мошне потентно, а за евентуалната повреда на туѓите емоции… Рекоа, немале намера никого да навредат! Да… Ама и патот до пеколот е неретко поплочен со добри намери, нели?
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/boyananushkova




