По неколкумесечни шпекулации во светските таблоиди, приватниот живот на Ким Кардашијан повторно е во фокусот на јавноста по нејзините најнови откритија.
Најпознатата ријалити-ѕвезда во една од епизодите на нејзиното шоу сподели дека конечно пронашла партнер кој ги задоволил нејзините исклучително високи стандарди.
Иако на почетокот од нивната романса таа одбиваше јавно да го изговори неговото име, низа детали и чести заеднички појавувања потврдуваат дека станува збор за легендарниот возач на Формула 1, Луис Хамилтон. Ким призна дека имала листа од дури 50 специфични услови за својот идеален маж, а седумкратниот светски шампион успеал да ги штиклира сите.
Запрашана од продуцентите за нејзиниот моментален емотивен статус, Ким не ги криеше искрите во очите и кратко изјави дека во моментов е навистина среќна и дека тоа е сè што сака да открие засега. Врската меѓу долгогодишните познаници очигледно брзо напредува и преминува во сериозна фаза. Тоа го потврдуваат и извори блиски до парот, кои истакнуваат дека Хамилтон носи исклучително добра енергија во нејзиното семејство и дека веќе ужива голема поддршка од целиот клан Кардашијан-Џенер. И покрај пренатрупаните распореди поради нивните кариери, тие се трудат да го користат секој слободен момент за да бидат заедно.
Дека работите се навистина сериозни потврди и самиот Хамилтон за време на неговиот престој во Остин, Тексас. Тој отворено проговори за својата поврзаност со четирите деца на Ким, истакнувајќи дека ги обожава и дека веќе поминува многу време во игра со нив, па дури и им купил милениче кое станало нов член на семејството.
Оваа нова љубов за Ким доаѓа по многу важен период на личен план, со оглед на тоа што таа свесно избра да биде сингл цели пет години по претходните емотивни бродоломи. Водителката претходно појасни дека тој период и бил неопходен за целосно да закрепне, да се фокусира на децата и на сопствените проекти, па затоа не брзала со нова врска сè додека не се појавил вистинскиот маж кој ги исполнил сите нејзини очекувања.
фото:Instagram printscreen/lewishamilton/





