Радио Милева моден шок

„Аутфит и фризура дискутабилни“: Ваква беше Лила на еден од своите први ТВ ангажмани пред повеќе од 30 години

„Аутфит и фризура дискутабилни“: Ваква беше Лила на еден од своите први ТВ ангажмани пред повеќе од 30 години

Таа е синоним за гламур, секогаш беспрекорно стилизирана и жената која со децении диктира модни трендови на македонската естрада.

Лила Филиповска денес важи за апсолутна модна икона и едно од најпрепознатливите ТВ лица кај нас, но патот до тој статус крие почетоци кои денес будат носталгија, но и многу смеа.

Дека знае совршено да се пошегува на свој сметка и знае да плени со својата духовитост, Лила докажа со својата последна објава на социјалните мрежи, каде што сподели ретро архивски кадар од времето кога ги правеше своите први чекори пред камерите на Македонска телевизија.

На видеото и фотографиите кои самата ги објави, младата Лила е во друштво на музички бенд, во време кога македонската естрадна сцена беше во вистински подем. Водителката искрено и со насмевка се осврна на овој период од нејзиниот живот, потенцирајќи дека ова бил еден од нејзините први ангажмани во кариерата, кој се случил пред повеќе од 30 години.

Со својот препознатлив хумор, таа не пропушти критички, но симпатично да ја прокоментира и сопствената визуелна појава од тоа време. Имено, Лила отворено призна дека нејзиниот тогашен аутфит и фризура денес и изгледаат прилично дискутабилни.

Ако ги погледнеме кадрите од далечните 90-ти години, јасно се забележува модата на тоа време, обележана со предимензионирани палта, специфични темни нијанси и фризури со волумен кои тогаш беа апсолутен хит, а денес нормално ни изгледаат ретро.

Низ трите децении поминати на малите екрани, Лила помина низ неверојатна еволуција. Од скромните почетоци во државната телевизија, преку водењето на култни забавни и музички емисии, па се до гејм шоуа, таа се етаблираше како неприкосновена кралица на квизовите, која веќе со години ја забавува публиката со „Сè или нешто“.

Како што се развиваше нејзината кариера, така се менуваше и нејзиниот стил. Лила успеа од младата девојка која експериментира со тогашните трендови, да се трансформира во вистинска македонска софистицирана дама со изграден, префинет вкус и силен личен печат.

Она што остана целосно непроменето во сите овие 30 години е нејзината огромна харизма, изразена професионалност и моќта да го задржи вниманието на гледачите, што ја прави навистина незаменлива на нашата сцена.

фото:Instagram printscreen/lilafilipovska

To top