Радио Милева длабока тага

Дарко Лазиќ среде славењето ги скамени сите: Одѕвонуваат болни зборови за покојниот брат

Дарко Лазиќ среде славењето ги скамени сите: Одѕвонуваат болни зборови за покојниот брат

Пејачот Дарко Лазиќ денес има посебен разлог за славење – го прославува својот 35. роденден, но не ја пропушти приликата да се сети на својот покоен брат Драган.

Најубавите желби пристигнуваат од сите страни, а пејачот на Инстаграм сподели објави во кои пријателите му го честитаат роденденот со заеднички фотографии и со трогателни зборови.

Пејачот и денес со многу болка се сеќава на својот брат. Ја објави фотографијата на Драган со зборовите: „Око мое убаво, ми недостигаш“.

Пејачот неодамна истакна дека е свесен оти оваа година ќе му биде тешка, но дека е подготвен заради семејството сè да преброди и дека сопругата Катарина му е голема поддршка.

– Сопругата влијае многу добро врз мене, води сметка за мене. Џабе е целиот труд ако јас тоа не го сакам, но убаво се чувствувам и тоа ми се допаѓа. Созреав одамна, но малку се правев луд – рече тој и додаде:

– Почнав да тренирам по година и половина. Сменив многу нешта, за тоа ќе зборувам во некој нареден период. Годината ќе биде многу тешка за мене и психички и физички, но ќе испливам поради моето здравје, моите деца и целото семејство. Се враќам на стариот Дарко каков што народот го сакаше, на оној вистинскиот Дарко – раскажа Лазиќ за медиумите и додаде:

– Сега кога ги гледам помладите колеги како живеат, ги гледам своите грешки, ги советувам, но не слушаат. Во фазон се: ‘Ти ли ќе ми зборуваш?’, но сето тоа е живот, доаѓа момент кога ќе се опаметиш и ќе си кажеш дека е доста.“

фото:Printscreen You Tube/AmiG Show

To top