Пејачката Ханка Палдум проговори за приватниот живот, но и за ќерката Минела и синот Мирзад, со кого не е во добри односи. На Ханка ќерката и нејзиниот сопруг ѝ се десна рака, но призна дека со синот тоа не е случај и дека немаат близок однос.
Кога беше прашана за нејзиниот син Мирзад, пејачката видно го промени расположението и ја призна суровата вистина.
– Со синот, за жал, не сум во добри односи – рече таа кратко за српските медиуми.

На прашањето како се носела со неговите проблеми низ годините, Ханка кратко и потресно одговори:
– Тоа се толку болни проблеми за секоја мајка и за тоа навистина не сакам баш ништо да зборувам – изјави таа за „Ин магазин“.
Да потсетиме, Мирзад се наоѓа на издржување затворска казна, а пејачката редовно му носи пакети со храна и облека и многу тешко ја поднесува ситуацијата во која се наоѓа нејзиното дете.
фото:Instagram printscreen/hankapaldum_official






