24-ти Септември (вчера), ден кој за Лила Филиповска почнува поразлично од сите останати, ден со многу поголема возбуда, трепет на душата и срце полно љубов каква не е ниедна друга – мајчинската.
Пред 32 години Лила стана мајка и на свет го донесе нејзинот единствен, нејзиниот најсакан – синот Филип кој вчеравечер го прослави својот јубилеен роденден.
А како и секоја година, така и оваа, мама прочепка низ старите албуми за да го извади од нафталин она што го чува како највредно и најголемо богатство – спомените на мајката со својот единец, фотографии од некогаш, па се до поново време.

„За мене секогаш ќе останеш “моето дете”
Јас ти го дадов името , делиме ист хороскопски знак и уживаме во музиката и во работите кои ни го разубавуваат животот ! Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двигател и поради тебе сум она што сум
Фала ти што ме избра за твоја мајка и што никогаш не ги изневери моите очекувања… Среќен роденден Филип, моја љубов безусловна. – стои во честитката како дополнување на објвата.
Мама е позната, па оттука роденденските честитки не поминуваат со стотина, туку илјадници со добра мисла и желби за се’ најдобро.
Филип Филиповски за разлика од неговата мајка не е јавна личност, но покрај неа речиси и да нема кој не го познава.

Лила не ретко знае да каже дека нејзиниот син израсна во самостоен и добар човек кој не и задава многу главоболки. Тој ред дест години ја направи мама горда кога дипломираше на факултетот за туризам и менаџмент во Скопје.
фото:Facebook/ Lila Stojanovska






