Радио Милева за семејството и синот

„Многу е тешко да се бориш“: Милица Тодоровиќ откри со што се соочува

„Многу е тешко да се бориш“: Милица Тодоровиќ откри со што се соочува

Пејачката Милица Тодоровиќ пред камерите на тамошните медиуми откри како изгледа нејзиниот живот по породувањето, како ги усогласува деловните обврски со грижата за синот, но и како се справува со коментарите од јавноста.

Милица истакна дека помошта ѝ е неопходна за да успее да ги заврши сите дневни обврски.

– Имам помош, не би можела без помош. Во спротивно не би стигнувала ниту овде, ниту на тренинг, ниту во студио… Тоа е тешко.

Таа откри и како изгледала нејзината подготовка за еден настан со мало бебе дома.

– Бебето спиеше, па не можев убаво да гледам по плакарот што имам од работите. Така што – да, ми треба повеќе време за подготвување бидејќи се трудам да не го разбудам.

Милица брзо се врати на работните обврски и во форма по породувањето, истакнувајќи дека нејзината работа бара целосна посветеност:

– Мојата работа не простува и многу е тешко да се бориш со хормоните и постпородилниот период. Се породив пред седум месеци и си велам: „Мицо, ти мораш, тоа е твојата работа“. Морам да признаам дека е голем предизвик, но оваа среќа што ја имам дома е неизмерна и сето тоа го брише.

Пејачката потоа откри дали сега се осврнува на коментарите од јавноста што ги добива по породувањето.

– Повеќе не ги читам коментарите, сè прочитав во овие седум месеци. Тоа повеќе не ме погодува, дури ги отвoрав и насловите за да видам што сум направила ново тој ден.

foto: printscreen/instagram/milicatodorovic

To top