Латино- американската актерка Габриела Спаниќ, која во деведесеттите години го залудеа регионот со улогите на Паола и Паулина во култната теленовела „Злобница“, повторно успеа да ја доведе атмосферата до вжештување.
Прославената убавица на својот Инстаграм профил објави серија провокативни фотографии во костим за капење, покажувајќи ја извајаната фигура и бруталните облини во 52. години.
View this post on Instagram
Таа позираше самоуверено, истакнувајќи го рамниот стомак, долгите нозе и бујните атрибути, со што уште еднаш докажа дека за неа годините се само обичен број на хартија.
Објавата за само неколку часа собра десетици илјади лајкови и лавина од воодушевени реакции од обожавателите широм светот, вклучувајќи ги и бројните фанови од Балканот кои сè уште ја паметат по една од највлијателните улоги во историјата на сапуниците.
View this post on Instagram
„Жено, дали е можно така да изгледаш во 52. година?!“, „Била и останала најголемата бомба на Латинска Америка!“, „Паола Брачо и понатаму владее со светот!“, „Нереално е колку добро изгледаш“, се само дел од стотиците коментари кои се нижеа под фотографиите.
За потсетување, Габриела Спаниќ стекна светска слава во деведесеттите години кога маестрално ја одигра двојната улога – добродушната Паулина и злобната Паола Брачо. Серјата „Злобница“ ги собори сите рекорди на гледаност на овие простори.
фото:You tube printscreen/Instagram printscreen/ gabyspanictv






