Радио Милева Одлично расположение

Поранешниот сопруг на Северина за првпат пред камера со бремената партнерка: „Важно е само бебето да е здраво и добро“

Поранешниот сопруг на Северина за првпат пред камера со бремената партнерка: „Важно е само бебето да е здраво и добро“

Во саботата навечер, се одржа големиот концерт на Драган Којиќ Кеба, а меѓу бројните присутни беа и членови на неговото семејство. Посебно внимание привлече неговиот син – поранешниот сопруг на Северина, Игор Којиќ – кој пристигна во придружба на својата бремена девојка, Николина Шапоња.

Игор и Николина позираа заедно пред присутните фотографи, не криејќи го своето одлично расположение. Ова е посебен период за семејството Којиќ, бидејќи Игор наскоро првпат ќе стане татко.

По тој повод, Игор откри како реагирал неговиот татко кога дознал дека ќе стане дедо. Тој зборуваше и за односот со сопругата, истакнувајќи дека за нив не е важно дали ќе добијат момче или девојче.

„Ви благодарам многу за честитките; можеби дури и ќе запеам на концертот. Кеба беше пресреќен кога слушна дека ќе стане дедо. Не се исплашив, бев воодушевен – тоа е прекрасна вест. Нашата приказна почна одамна и е навистина убава. Прво бевме пријатели, а потоа работите постепено се развиваа. Важно е само бебето да е здраво и добро, а не е важно дали ќе биде машко или женско“, изјави тој за Telegraf.rs.

И неговиот татко не ја криеше возбудата поради веста за приновата во семејството. Со насмевка, Кеба откри колку го израдувала таа вест.

„Ова сигурно е шега со скриена камера! Но, ако е вистина, не постои вага што би можела да ја измери мојата среќа и радост! Не сум го видел Игор петнаесет дена. Ако е вистина тоа што го велите, никој на светот не е посреќен од мене“, изјави пејачот.

foto: printcreen/instgaram/ Severina Kojic (@severina)

To top