Радио Милева Од пријателство до партнерство

Партнерот на Џенифер Анистон проговори за односот со актерката: „Чувствувам вистинска радост“

Партнерот на Џенифер Анистон проговори за односот со актерката: „Чувствувам вистинска радост“

Џим Кертис (50) во ново интервју ја опиша својата врска со актерката Џенифер Анистон. Тој изјави дека со 57-годишната Анистон доживува „вистинско партнерство“ и чувствува „вистинска радост“. Кертис за нивната врска зборуваше за британскиот „The Times“ во интервју објавено на 12 септември.

Кертис објасни дека на нивната врска ѝ претходело повеќемесечно пријателство.

„Прво со месеци бевме пријатели. Сè се развиваше поприродно, спонтано и без она чувство на притисок. Во минатото често имав став: „Ми треба да бидеш заљубена во мене…“. Повеќе не ја барав љубовта. А што чувствувам сега? Чувствувам вистинска радост, присутност, мир и вистинско партнерство“, рекол тој за врската со актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Магазинот „People“ потврди дека Анистон и Кертис се во врска од јули 2025 година. Оттогаш неколкупати се појавија заедно во јавноста и на социјалните мрежи. Во ноември 2025 година, Анистон на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија со описот „мојот живот“.

На почетокот на овој месец, на 2 септември, парот се појави во Њујорк на промоцијата на новата книга на Кертис, „The Book of Possibility“.

„The Times“ наведува дека Анистон го следела Кертис на Инстаграм извесно време пред нивната врска да стане јавна. Во мај 2025 година таа објавила фотографија од неговата книга од 2024 година, „Shift: Quantum Manifestation Guide“. Два месеца подоцна, парот бил фотографиран заедно на јахта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Кертис за „The Times“ откри и дека тој и Анистон делат интерес за медитацијата.

„И двајцата преземаме одговорност да погледнеме во себе, да се разбереме и да се смириме. Затоа медитираме заедно. Јас за време на медитацијата знам да кажам, на пример: „Води ме божествена сила“, што за мене значи дека не треба да се грижам бидејќи сè ќе се среди како што треба“, изјавил тој.

Неодамна Кертис зборуваше и за прилагодувањето на медиумското внимание што го доби поради врската со Анистон. Во емисијата „The Jamie Kern Lima Show“ призна дека му било необично да го гледа своето име во насловите на весниците.

„Искрено, морав да се навикнам на тоа. Долго време сум присутен во јавноста, но никогаш на ова ниво“, рекол.

„Претходно никој не се интересираше премногу со кого се забавувам, па ова беше голема промена за мене, но и вистинска лекција“, додал тој.

Foto: print screen/Instagram/jenniferaniston

To top