Поп-иконата Лејди Гага го дочека своето прво дете со долгогодишниот партнер и свршеник, претприемачот Мајкл Полански.
Веста за среќниот настан за американските медиуми ја потврдија блиски извори до двојката.
Славната 40-годишна пејачка, чие вистинско име е Стефани Германота, веќе подолг период отворено зборуваше за својата силна желба да се оствари во улогата на родител.

Иако деталите за новороденчето – како што се полот, името и точниот датум на раѓање – сè уште се чуваат во тајност, обожавателите ширум светот веќе слават со пораки за поддршка до својата омилена „Mother Monster“.
За Гага ова е круна на еден исклучително успешен период, откако неодамна ја заврши својата голема светска турнеја „Mayhem Ball“ и освои Греми награда за својот последен музички албум.

Љубовната приказна со Полански започна во 2020 година, а парот официјално се сврши во 2024 година.
фото:Instagram printscreen/ladygaga





