По повеќе од деценија и половина поминати на светските модни писти, една од најпрепознатливите македонски убавици, Елена Трајановска или попозната како Елена Реи, реши да стави крај на својата активна манекенска кариера.
Преку емотивна објава на социјалните мрежи, таа го најави своето повлекување, оставајќи зад себе импресивно портфолио и трага во светската модна индустрија која тешко се брише.

Македонскиот модел, која цели 17 години беше синоним за професионализам, грациозност и безвременска убавина, одлучи полека да замине во заслужена пензија. Нејзиниот пат во модната индустрија не беше само обична кариера, туку долготраен труд кој ја однесе на врвот.
View this post on Instagram
Дури 15 години од својот живот оваа наша успешна Македонка ги помина живеејќи во странство. Постојаните патувања, менувањето на адресите од Милано и Париз па сè до Токио, и работата со најпрестижните светски брендови, ја етаблираа како едно од најзвучните имиња што Македонија некогаш ги имала на модната сцена.
View this post on Instagram
Зад гламурозните фотографии како што вели и самата, сепак стоеше голема жртва – пропуштени родендени, семејни прослави и одвоеност од најблиските, но за возврат, таа изгради кариера на која може да ѝ позавиди секој светски топ-модел.
На својот Инстаграм профил, Елена упати јавна благодарност до сите врвни светски модни агенции со кои соработуваше изминатите 17 години, меѓу кои матичната @modelsinmgmt, како и регионалните и светските гиганти како @foxmodelserbia, @suprememgmt, @silent_paris, @women_milano, @m4models, @viewmanagement, @gfimodels, @imagemodelstokyo и @__jsmanagement.
Еве ја и нејзината емотивна објава на Инстаграм:
View this post on Instagram
„По 17 незаборавни години во модната индустрија, чувствувам дека е време да го затворам ова прекрасно поглавје и полека да ја започнам мојата пензија. Ќе бидам достапна само за директни ангажмани од тие години живеев во странство, постојано се селев, откривав нови места, култури и луѓе. Ова патување ми даде повеќе отколку што некогаш можев да замислам. До секој агент, агенција, клиент, колега, пријател и секој човек што го запознав по патот — ви благодарам што бевте дел од мојата приказна.Нема да се преправам дека секогаш беше лесно. Пропуштив многу моменти, родендени, прослави и време со луѓето што ги сакам. Но, за возврат, добив искуства, спомени, сила, независност и многу повеќе. Најдов пријатели кои станаа семејство, дом на неочекувани места, љубов и делови од себе кои можеби поинаку никогаш немаше да ги откријам.Ова патување ме обликуваше во личноста што сум денес и, искрено, не би сменила ниту една работа.Засекогаш благодарна. На здравје за сè што беше… и за сè што допрва доаѓа!“- пишува Елена.

Оваа успешна Македонка докажа дека со вистинска посветеност, силен карактер и беспрекорен професионализам, границите не постојат. Таа останува инспирација и светол пример за сите идни генерации девојки од нашите простори кои сонуваат за светските модни писти.
фото:Instagram printscreen/elena__rei




