Промотер

Луна и Jocifer го „пуштија“ својот „Бандит“ (видео)

Луна и Jocifer го „пуштија“ својот „Бандит“ (видео)

Младата пејачка Луна ја почести својата публиката со лансирањето на својот најнов сингл насловен „Бандит“. Оваа модерна музичка приказна е направена во соработка со Jocifer, а веќе е достапна и на платформата Јутјуб, каде привлекува внимание со својата естетика и енергија.

Зад комплетната креација на песната, како автори на музиката и на текстот, се потпишуваат токму Луна и Jocifer. За аудио-продукција, аранжманот, миксот и мастерингот се погрижи еден од најпознатите македонски продуценти, Лазар Цветковски – LCV.

Нивната тимска работа резултираше со свеж, модерен радиофоничен звук кој одлично коренспондира со актуелните светски трендови. Визуелниот идентитет на „Бандит“ е посебна приказна. Режисерскиот концепт е дело на Томислав Живковиќ и Дарко Митев, додека кадрите зад камерата ги улови директорот на фотографија Ристе Петрушевски.

Издавач на овој нов музички проект е Lunna Music Official, а песната многу наскоро ќе биде достапна за слушање и на сите популарни стриминг-платформи. Со „Бандит“, Луна продолжува сигурно да чекори и да остава свој уникатен печат на домашната поп-сцена.

фото:You tube printscreen/Lunna and MedTV

To top