Промотер

„Саутпарк“ ја оживеаја нивната „Невидлива“ (видео)

„Саутпарк“ ја оживеаја нивната „Невидлива“ (видео)

Бендот „Саутпарк“ направи онлајн промоција на новите песна и видео запис. Лани Саутпарк ја објавија „Можеби“, подарувајќи ѝ на македонската музичка сцена нумера со совршен баланс помеѓу меланхолија и енергичност, модерен призвук и носталгија.

Аудио микс и мастеринг на песната направи Дамир Пух од ГринРум саунд студио (GreenRoom Sound Studio). Видеото го изработија во целост Дарја Николовска и Никола Спасеноски.

Песната со видео е достапна на YouTube, а наскоро ќе може да се чуе и на сите стриминг платформи.

-Секогаш е возбудливо да се следи процесот на тоа како една идеја прераснува во песна. „Невидлива“ е одраз на нашиот бендски призвук и среќни сме што доби форма, звук и слика. Се надеваме дека секој ќе ја доживее на свој начин, велат од бендот.

Саутпарк ги познаваме и од скопскиот ноќен живот, а свират од 2004 година.

Членови на бендот се Светлана Јовановска со својот моќен и препознатлив вокал, Виктор Николовски на бас гитара, Христијан Ристески на гитара и Благојче Пенов на тапани. Зад себе бројат илјадници настапи и бројни студиски изданија како индивидуални музичари.

To top