Познатата македонска старлета и модел Александра Накова ја изненади јавноста откако објави дека на 30 август 2026 година на свет го донесе своето второ дете.
Бременоста ја криеше во целосна тајност, па веста за раѓањето на нејзиниот син дојде како вистински шок за нејзините обожаватели и медиумите.
Сега е јасно зошто ова лето на нејзиниот Инстаграм профил изостанаа вообичаените провокативни фотографии во бикини по кои е препознатлива.

Накова успешно го сокри трудничкиот стомак, а веднаш по породувањето сподели прекрасна црно-бела уметничка фотографија на која позира гола, покриена со нежна ткаенина, откривајќи дека во тој момент била во 29-тата недела од бременоста.

Таа објави и емотивна фотографија од бебешката рака како го држи нејзиниот прст, со пораката:
„Добредојде на свет најмило мое. Александар 30.08.2026“.

Иако Александра официјално не открива кој е таткото на малото машко бебе, социјалните мрежи веднаш ги поврзаа конците.
Имено, истата фотографија со раката на бебето на своето Инстаграм стори ја сподели и бугарскиот фудбалер Ѓорѓи Јомов, со кого Накова последно беше во медиумски експонирана љубовна врска.

Иако јавноста претходно шпекулираше за нивниот статус, овој потег јасно алудира дека тие ја крунисаа својата љубов со принова.

За потсетување, Накова стана мајка во бракот со сега поренешниот сопруг Гајдаџиев кој не траеше долго, а во заедницата ја доби ќерката Леа која по разделбата на родителите расте и живее заедно со мама.
Честитки!
Foto: print Screen/Instagram/naleksandraofficial/yomov_35




