Радио Милева „ветар во грб“

Антониа Гиговска првпат јавно ја спомена својата потенцијална јатрва, а она што го објави јавно покажува во каков однос се

Антониа Гиговска првпат јавно ја спомена својата потенцијална јатрва, а она што го објави јавно покажува во каков однос се

Антониа Гиговска јавно покажа во каков однос е со својата потенцијална јатрва, а наедно и нејзина колешка, младата и талентирана пејачка Јана Спирковска, испраќајќи ѝ силна поддршка преку социјалните мрежи.

Имено, Антониа на својот Инстаграм профил ја сподели најавата за најновата песна на нејзината колешка, со што уште еднаш докажа дека меѓу нив владее одлична енергија и меѓусебно почитување.

Јана Спирковска, која на пошироката јавност ѝ е добро позната како вокал на составот „ Паблик Бенд“, сè повеќе се инфилтрира и се позиционира на домашната естрада, а нејзиниот нов соло проект е само потврда за нејзините амбиции.

Новата песна на Јана го носи насловот „100 бакнежи“, а официјално ќе биде промовирана во среда(26.08). Дека светот е мал, а естрадата уште помала, потврдува и приватната поврзаност на овие две шармантни дами – Јана е во долгогодишна љубовна врска со Александар, кој исто така е музичар и е роден брат на сопругот на Антониа, познатиот Роберт алијас Џокер.

Оваа јавна поддршка од страна на една од нашите најголеми поп-ѕвезди сигурно ќе и даде дополнителен ветер во грб на Јана пред големата премиера во среда, а социјалните мрежи веќе „горат“ од коментари дека ова семејство дефинитивно ја поседува најсилната музичка генетика на сцената.

фото:instagram printscreen/spirkovskajana/antoniagigovskaa

To top