Познатата македонска пејачка и успешна докторка Симона Поповска беше гостинка во ТВ-шоу „Магазин“ на Сител Телевизија.
Во искреното интервју, таа отворено проговори за предизвиците со кои се соочувала балансирајќи меѓу двете сосема различни професии – медицината и естрадата.

Поповска откри дека патот до успехот воопшто не бил лесен, особено поради скептицизмот на кој наидувала кај авторитетите за време на студиите.

Сепак, наместо да ја обесхрабрат, овие коментари станале мотив плус да ги оствари своите соништа.
„Сум имала коментари додека бев на медицинскиот факултет, имав коментари од професори што ми кажуваа дека ако си доктор не може да бидеш изведувач или да се занимаш со нешто такво, дека медицината не го дозволува тоа. Но, мајка ми секогаш ми кажуваше: ти си надарена за тоа, нешто што е дар од Бога, не може ние да го сузбиеме. Тебе Господ ќе те прати во сето тоа, верувај си во тоа и ние сме тука зад тебе. Мислам дека нема ништо поубаво од тоа некој да ти го каже“, вели Симона.
View this post on Instagram
Иако не дозволила да биде поколебана од негативните ставови, таа признава дека наместо поддршка, често наидувала на дополнителни сопки во студентските денови.
„Не ми беше криво само затоа што не ми беа поддршка, туку ми ја отежнуваа целата таа работа“, се навраќа таа на тешките моменти.

Денес, Симона е совршен пример дека со силна волја и семејна поддршка можат да се скршат сите предрасуди. Таа успешно функционира на двете полиња, докажувајќи дека белиот мантил и музичката сцена можат совршено да се надополат.
фото:Instagram printscreen/simonapopovskaofficial





