Радио Милева тажна вест

Семејството на Елвир Мекиќ завиено во длабока болка и тага: На само 45 години ненадејно почина неговиот брат

Семејството на Елвир Мекиќ завиено во длабока болка и тага: На само 45 години ненадејно почина неговиот брат

Голема тага и шок го сопреа здивот на македонската јавност по трагичната вест дека семејството на популарниот пејач Елвир Мекиќ претрпе ненадоместилива и прерана загуба.

Неговиот сакан брат Еки го напушти овој свет во цутот на својата младост на само 45 години, оставајќи зад себе огромна болка, скршени срца и илјадници прашалници.

За да ги извести роднините и пријателите за неговата смрт и деталите околу погребот, Елвир на својот Инстаграм профил го објави некрологот со информациите за загубата за неговиот брат и за погребот кој ќе се случи денес на старите гробишта во с. Батинци.

Веста за оваа незамислива семејна катастрофа  ја сподели неговиот близок пријател и колега Јоце Панов, кој преку социјалните мрежи упати потресни зборови.

-Зошто бе Еки, зошто бе братче, зошто замина толку рано, толку млад и полн со живот, зошто бе брат?????
Со кого ќе се смеам и кој ќе ми пее терци сега?
Поминавме неколку години секојдневна дружба, навистина овој свет нема правда
Почивај во мир пријателе мој.
Јас ќе те паметам насмеан, и ќе ги пеам за тебе песните што најмногу ги сакаше и секогаш ги пеевме заедно.
Збогум ЕКИ.

Во емотивната објава исполнета со неверување, Панов се запраша зошто судбината згаснала толку млад живот полн со планови и енергија, евоцирајќи ги спомените за сите поминати години, заедничката смеа и песните кои веќе никогаш нема да звучат исто.

Сочувство до семејството!

To top