Радио Милева Искрено признание

Тања Савиќ откри зошто повеќе не размислува за свадба со Муки

Тања Савиќ откри зошто повеќе не размислува за свадба со Муки

Пејачката Тања Савиќ отворено проговорила за деталите од свадбата на нејзиниот брат Немања, но и за сопствените планови за венчавка со Муки.

Тања открила дека свадбата на нејзиниот брат била прекрасна, но и дека не траела долго. Таа не останала до самиот крај, а Немања, според нејзините зборови, бил најемотивен. Тој сакал прославата да биде приватна и успеал во тоа.

„Прекрасно беше. Не траеше долго, а јас, искрено, не останав до крај. Немања беше најемотивен. Сакаше тоа да биде приватно и успеа во тоа. Некои луѓе од роднините му замерија што не седеле на чело на масата. Го разбирам, не можеше да им се посвети на сите“, рекла таа.

Пејачката потоа проговорила и за својата свадба со Муки, откривајќи дека повеќе не размислува за тоа.

„Престанав да размислувам за тоа, остварена сум како мајка. Имам партнер со кој сум пет години. Остварена сум и кога станува збор за кариерата. На своја кожа го почувствував и доброто и злото и сум некој што навистина може позитивно да влијае врз младите, да ги учи на позитивни работи“, признала Тања.

Таа додала дека денес веќе нема исти желби како кога била помлада.

„Дали е до годините, веќе не ме привлекува тоа. Не сум како порано, кога бев девојка и ми беше важно само да облечам венчаница. Не ми беше важно ниту кој ќе дојде, ниту дали утре ќе се разведам, само да облечам венчаница. Престанав да размислувам за тоа. Сега ми е важно децата да ми бидат живи и здрави, партнерот и луѓето што ги сакам“, рекла Тања за „Блиц“.

фото:Instagram printscreen/ tanja_savic_private

To top