Радио Милева каков страшен, црн ден...

Македонските естрадни личности во длабока тага, болка и со сочувство до семејствата на починатите: „Зошто Боже?“

Македонските естрадни личности во длабока тага, болка и со сочувство до семејствата на починатите: „Зошто Боже?“

Невидената трагедија кој се случи во Кочани за време на настапот на групата „ДНК“ предизвикана од страшниот пожар,  предизвика и реакции од бројни познати личности кои го изразија своето неверување, тага, болка и сочувство преку социјалните мрежи.

Меѓу нив и познатите еуметници од македонската естрада, кои први се огласија на своите профили.

Македонската поп дива на својот Инстаграм  сподели:

И „Македонското девојче“, Каролина Гочева, неутешна и скршена од болка изрази најдлабоко сочувство до семејствата на трагично згаснатите млади животи…

Елена Ристеска исто така избезумена и со неверување ја примила веста за големата трагедија, па на својот Инстаграм го споделила шокот што ја обземал и изразила сочувство до семејствата на пиочинатите млади луѓе…

Пејачката Бојана Скендеровски како и целата јавност  не може да поверува и да се помири со трагедијата која однесе над 50 млади животи…

И младата пејачка Марија Спасовска која со токму со ДНК беше дел од турнејата „Македонијо во срце те носиме“ со симболично скршено срце и Македонија завиена во црно сподели свое жалење за трагедијата во Кочани…

Лидерот на „Меморија“, музичарот и актер Петар Георгиевски – Камиказа симболично со насловот од една од најпознатите балади на бендот ја изрази својата тага за трагедијата во Кочани…

Ова е само мало парче од списокот кој во секој момент се зголемубва и е огромен, речиси бесконечен… Како што е огромна и бесконечна длабоката болка и тагата за невидената трагедија што рано утрово ја потресе Македонија.Онаква,  каква што досега не  и се случила…

Редакцијата на Вистина.ком.мк исто така изразува најдлабоко и најискрено сочувство за ненадоместливата загуба на семејствата на починатите, а на повредените им посакува што побргу и успешно закрепнување.

Фото; Социјални мрежи

To top