Ја отвори својата модна линија, создаде свој моден бренд и влета во вториот брак, но Љупка Митрова не престана да мирува кога е во прашање нејзиниот начин на живот. Безбројни патувања, егзотични дестинации, луксузни уживања, бројни авантури…

За многумина живот како од соништата, кој може само да го сонуваат, но не и за неа, зашто кај Митрови „има се’ – може се’ “, па ако е така, зошто да не се ужива максимално за сите пари, во она за што Љупка пари не жали!

Како и многу пати претходно, така и ова лето Митрова „не се прибра дома“, а последната морска дестинација е Грција.
Таму разбирливо и многу вообичаено за неа, сите луксузни уживања, од хедонизам и гастрономија, до сите останати морски уживања. Секако, не е лето, ако ако телото не е потемнето на природен начин наместо во солариум, а пеколните горештини барем за ова се како создадени.

Оддамнае познато де Љупка не се срами да го покаже најдоброто од себе, особено кога за тоа има прилика, а па така целиот свој телесен раскош речиси секогаш го прикажува во натурална понуда… особено кога се сонча, на себе само со она што ептен е неопходно… Топлес во секоја можна прилика, само свртена со грб, за да не се види баш она што јавно не е за на слика.
Дали е на плажа, на тераса или глисер, сеедно важно е да се исонча безбедно она што не е за јавно покажување. Останатото е секако забрането или така изгледа, барем досега…

Зашто најновите фотографии на сексапилната струмичанка откриваат уше една нејзина, малку поинаква навика… Зошто само топлес, кога може голо цело тело? Или и овој пат тоа само така изгледа?

Расоблечена, седната на дрвена летна лежалка како и многу други лета, расната струмичанка овој пат буквално „цвета“!

Од топлес до „пиштол голо“ тело линијата е тенка, па затоа не чудете се ако Љупка Митрова е нудистка во сенка?
Фото: Инстаграм/ljupka_mitrova





