Радио Милева апел

Злоупотребени ликот и делото на медената хероина Атиџе

Злоупотребени ликот и делото на медената хероина Атиџе

Пчеларката Атиџе Муратова, позната по улогата во документарниот филм „Медена земја“, а исто како и во филмската приказна од која стана популарна, живее денови на неправда предизвикана од човечки фактор.

За она што моментално доживува и и’ се случува на Атиџе која живее во селото Дорфулија, преку социјалните мрежи информираше, односо апелираше нејзината пријателка, ТВ водителката, писателка и музичар, Сузана Турунџиева.

Сузе преку својот Фејсбук обзнани злоупотреба на ликот на Атиџе и името „Медена земја“ за продажба на мед кој воопшто нема никаква поврзаност до Муратова.

-Апелирам до сите свесни и одговорни луѓе да пријават злоупотреба на името МЕДЕНА ЗЕМЈА, со користење на фотографии од Атиџе Муратова и потсетувам дека Атиџе не го рекламира и продава нејзиниот мед преку други, трети лица и фирми. Атиџе нема фирма! Медот на Атиџе е оној кој ќе го купите од нејзе лично!

Дека медот е лек, знаеме сите, но од мед до мед има голема разлика, а според Атиџе тајната на медот што го прави е токму природениот начин.  Да одгледува пчели ја научил нејзиниот дедо, а за реченицата „Пола за мене, пола за пчелите“, вели дека тоа е тајната на животот.

Инаку ова не е прва ваква злоупотреба, пред две години Турунџиева исто пријави манипулатори кои го злоупотребуваат името на Атиџе и продаваат мед од непознато потекло и квалитет.

фото:facebook/ Suzana Turundzieva

To top