Водителот Жика Јакшиќ одлучи да го промени вообичаениот тек на натпреварувањето „Никогаш не е доцна“, со тоа што одлучи сите кандидати да поминат во следниот круг.
Во понеделник инаку се објавува кои кандидати ја продолжуваат борбата по пат на онлајн гласање на Фејсбук страницата на емисијата. Меѓутоа, овој пат беше поинаку.
Кога дојде моментот жирито да соопшти кој ќе го продолжи натпреварувањето, Жика Јакшиќ ги запре и ја соопшти одлуката која никој не ја очекуваше. Јакшиќ објасни дека, како и на членовите на жирито, му било многу тешко да одлучи за кого натпреварувањето би требало да заврши.
Како што истакна, кандидатите од оваа група беа еднакво добри, па поради тоа одлучи никој да не го напушти натпреварувањето.

– Бидејќи и на жирито му беше тешко, а и на мене ми е тешко да се разделам со некој кандидат бидејќи оваа група е навистина подеднакво силна, прогласувам дека сите одат понатаму – рече Жика.
Веста беше дочекана со аплауз и големо воодушевување на публиката.Тончи Хуљиќ не ја пропушти приликата да се пошегува, па низ смеа од жирито дополни:
– Па зарем тоа не можеше да го кажеш порано? – му порача Хуљиќ.
Публиката ја поздрави одлуката, додека кандидатите со големо олеснување ја прифатија веста дека оваа недела никој нема да мора да стравува од испаѓање. Атмосферата на сцената го достигна врвот кога еден од кандидатите од среќа падна на колена и заедно со останатите учесници го прослави продолжувањето на натпреварувањето.
фото:Youtube printscreen/Nikad nije kasno






