Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, сподели со своите следбеници на Инстаграм како се слави Божиќ во домот на најголемата балканска ѕвезда.
Уна Чолиќ ја покажа божиќната трпеза, а судејќи по фотографијата на нејзината приказна, таа била исклучително богата и требало време и труд околу неа.
На масата имало печено месо и руска салата – во основа храната која доминира во домовите на повеќето српски семејства.
Следбениците на Уна биле воодушевени од глетката, а повеќето се прашувале дали таа имала удел во подготовката на овие специјалитети.
Да потсетиме дека пејачот Здравко Чолиќ своевремено зборуваше за медиумите за Уна.
– Уна само фотографира нешто. Не ми се допаѓа, но не можам да ја спречам. Таа е таква… Едноставно комуницира со луѓе, сака да се фотографира. Се фотографираат со мене. Никогаш не сум бил таков, што помалку, толку подобро. Само кога треба, за работа. А таа има само телефон. Сосема е различно од порано. Претходно требаше да ангажираш фотограф или да имаш добар фотоапарат дома, а потоа да чекаш да ги извадиш фотографиите – рекол Здравко.
фотo: printscreen/instagram/