Радио Милева со јасна порка

Водителката на Пинк и беше лута на Марија Шерифовиќ, а сега јавно ја откри причината за тоа

Водителката на Пинк и беше лута на Марија Шерифовиќ, а сега јавно ја откри причината за тоа

Пејачката Марија Шерифовиќ се вклучи во емисија во живо и ја искористи можноста директно да се „пресмета“ со водителката Бојана Лазиќ.

Марија ја праша дали има некаков проблем меѓу нив, бидејќи тоа го слушнала.

– Слушнав дека Бојана ми е лута. Се испостави дека всушност е вистина – рече пејачката, барајќи објаснување.

Водителката беше изненадена од нејзиното прашање, па од студиото одговори дека сè произлегува од откажувањето на нејзиното гостување.

– Бев лута кога ми откажа, но набрзо ја дознав причината и сè беше јасно – призна Лазиќ.

Сепак, таа набрзо нагласи дека тоа сега е минато.

– Нема шанси сега да сум лутаа. Таа е мојата омилена пејачка – додаде потоа.

Марија ја слушаше внимателно и ѝ рече во свој стил:

– Не дозволувај тоа да ти се случи повторно – беше јасна.

фото:instagram printscreen/ bojanalazic00/serifovic

To top