Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово од вечерва ќе биде домаќин на 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, кој ќе трае до деветти октомври.
Фестивалот оваа година ќе се отвори со свеченото доделување на наградата „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев за неговиот особен придонес во комедијата. Истата вечер, Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Вечера за глупаци“.
Во текот на фестивалот, публиката ќе има можност да ужива во 11 претстави, меѓу кои „Секс, лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид, „Фустан за бегство“ на Драматичен куклен театар од Бугарија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, и „Ноќ спроти Водици“ на Театар Куманово, која ќе биде премиерно изведена на 8 октомври.
Фестивалот ќе заврши на 9 октомври со доделување награди за најдобри актерски и технички остварувања.