Поранешната членка на „Спајс Грлс“, Викторија Бекам, призна дека ѝ е тешко да се исклучи од работата дури и кога е на одмор. 52-годишната пејачка, која изгради успешна кариера во модата и козметиката, откри дека понекогаш се крие од семејството за да продолжи да работи.

Таа вели дека често наоѓа изговори да се оддалечи од сопругот Дејвид и нивните деца за да ги исполни работните обврски. „Можам да се сокријам во бањата на одмор за да се јавам и да испраќам е-пошта без моето семејство да знае, бидејќи не можам да се исклучам. Ова не е само работа“, рекла таа, според „Дејли експрес“.

Викторија го лансираше својот бренд во 2008 година со колекција од десет фустани во Њујорк, решена да не дозволи нејзиниот проект да се смета за минлив тренд. Нејзиниот сопруг подоцна инвестираше во бизнисот, обезбедувајќи околу 30 милиони долари преку DB Ventures.
И покрај ова, таа нагласи дека сè што прават го смета за заедничко вложување. Пред неколку години, нејзиниот бренд беше во долгови од околу 68 милиони долари, но по долг период на загуби, конечно почна да работи профитабилно во 2022 година, главно благодарение на својата линија на шминка.
foto: printscreen/instgaram/victoriabeckham







