Неодамна познатата македонска фитнес инструкторка Ана Стојанова беше на нова прошетка по уште една белосветска, егзотична дестинација. Овј пат приватно на Бали и во Австралија, од каде како што е за неа вообичаено, реши да им објасни и да ги повика своите дами и девојки од нејзината „Пич армија“ на нова авантура, а и сликовито да им покаже што им подготвува за оваа летна сезона.
Затоа и реши преку видеа и сториња да им покаже што се нуди оваа далечна и егзотична дестинација на која велешката фитнес инструкторка веќе „ја опипа“ атмосферата… Од прошетка по танга, до капење на тропскиот дожд со поглед на џунгла!
За понудата да биде што попривлечна и попрималива, а и заради сопствена самодоверба и секако себепромоција, Ана низ серија фотографии и видеа покажала дека умее да „жари и пали“ и на Бали!
До душа веднаш денот не и се погодил, па наместо да снима тренинзи, останала само на утринско растегнување на балконот од апартманот и миење заби…
И разбирливо, првото утринско кафе и тоа австралиско – турско среде Бали, кое Ана сама ќе си го свари.
Арно ама, инструкторката не е таа сорта што цел ден ќе го мине кулирајќи залегната во бамбус фотелја на тераса, па затоа побрза да се распраша има ли некаде нешто што ќе ја размрда, откако кафето убаво ја раздрма.
И така чекор по чекор Ана во потрага пушти нога, па налета на инструкторот по јога.
Откако убаво се опушти посака да дотури уште малку вежби, но… Времето не и се погоди, па вежбањето мораше да го одложи заради дождливата тропска бура, која ја втурна во нова, овој пат, влажна авантура.
Ана се соблече во мини бикини, па излезе на дождот на капење.
И додека полека влегуваше во отворениот базен, а големите дождовни капки ја масираа, Ана уживаше во секоја атом вода кој се лизгаше по рамната снага, милувајќи ја сексапилната велешанка.
Влажна по цело тело, расната инструкторка и среде тропска бура продолжи да „жари и пали“ на Бали.
„Гром во коприва не удира“ – вели една стара поговорка, напротив…
Може само да ве стрефи срце од возбуда, од фотографиите и видеата во дождливата тропска авантура, на до гола кожа влажната, Ана Стојанова!
Па, кој е подготвен за ваква авантура – бујрум на нова тура, на Бали со нејзината армија „Праскички“, на доплнителни возбудливи летни предизвици.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/annstojanova