Голманот Предраг Рајковиќ и неговата сопруга Ана неодамна објавија дека го чекаат третото дете.
По двата синa Реља и Тадеј, парот сега ќе добие девојче, а сѐ уште не се знае какво име ќе и дадат на наследничката. Иако долго време криеше дека е во друга состојба, Ана сега покажа како изгледа во трудничките денови, а на својот Инстаграм објави фотографија на која позира во цветен фустан кој одлично го истакнува нејзиниот стомак.
View this post on Instagram
– Мама и девојчето веќе на половина пат – напиша таа во описот на оваа објава, а коментарите само продолжија да доаѓаат. Откако потврди дека е во блажена состојба, Ана призна дека таа и нејзиниот сопруг долго време сакале да добијат девојче.
– Благодарам за честитките. Долго време посакуваме девојче. Отпрвин не верував дека е женско со оглед на двете момчиња пред неа и убеденоста дека и третото ќе биде машко. Навистина со нетрпение ја очекуваме како семејство и исклучително сме среќни што нашето семејство ќе стане побогато – изјави тогаш таа.
Фото: printskrin/instagram/rajkovic__ana