Радио Милева шок

Ване Маркоски си најде нова жртва, овој пат ја „извади од памет“ колешката Гордана Ѓорчева: „Срам да ти е!“ (ВИДЕО)

Ване Маркоски си најде нова жртва, овој пат ја „извади од памет“ колешката Гордана Ѓорчева: „Срам да ти е!“ (ВИДЕО)

Кога ти се погодени колегите на работа понекогаш дури и непријатностите предизвикани од нив знаат да бидат забавни и да ти го разубават денот, а и да ја сменат енергија, особено рано наутро како што тоа редовно им се случува на колешките од МТВ на водителот Ване Маркоски.

Тој редовно знае да „извади од памет“ некоја своја колешка, најчесто Кристина Талеска, и тоа намерно, како да му е станато еден вид утринска навика, без која утрото пред камери не му почнува.

Па така, овој пат Ване имаше нова жртва – колешката и презентерка на вести Гордана Ѓорчева која самата го стави пред предизвик дека нема да успее да ја исплаши зашто таа има очи и на тилот.

Арно ама, не излезе така, зашто на расположеиот, а и предизвикан колега не му требаше многу време за повротно да тргне во акција и да и докаже на Гордана, а и на сведоците камермани, дека ќе успее да ја „извади од кондури“.

-Леле мајко, сериозно ме исплаши. Чекај да се приберам срам да ти е! – кажа распаметена Гордана која сепак професионално си ги стартуваше вестите.

А Ване откако се извини… повторно и повторно  успеа во намерата да си го истера своето – секако ултра ефектно!

фото:Instagram printscreen/vanemarkoski_

To top