По распродадените арени во Белград, Загреб и Нови Сад, Event Group со гордост го најавува спектакуларниот концерт во македонската престолнина на една од најголемите балкански ѕвезди – Милица Павловиќ!
Турнејата „ЛАВ“ продолжува во Скопје, каде што публиката ќе има уникатна можност да ужива во најголеми хитови и незаборавна енергија на божествената „секси сењорита“.
Концертот ќе се одржи во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје, во петок, 14-ти февруари 2025 година, почеток: 20:30 часот.
„Не ја пропуштајте оваа вечер исполнета со музика, страст, емоции и врвна продукција. Осигурајте ги вашите билети навреме и бидете дел од овој незаборавен настан, за да го прославите денот на виното и љубовта заедно со божествената секси сењорита“ – прачуваат организаторите !
View this post on Instagram